14-месечната ќерка на Кајли Џенер доби чанта поскапа од луксузен автомобил

Кајли Џенер на необичен начин ја покажа својата љубов кон ќеркаси, Сторми – подарувајќи и модерна розова Биркин чанта од луксузната марка „Hermes“. Во нејзиниот последен Инстаграм пост, Џенер и Сторми позираат заедно покажувајќи ја чантата која вреди колку еден убав автомобил.

14-месечното девојченце не се двои од својата нова чанта. Тоа се гледа на постираните фотографии. Фановите на Кајли Џенер пак, не се посебно изненадени, бидејќи од претходно навикнале на скапите подароци кои Кајли ги дели на својата ќерка. Всушност, оваа Биркин не е прва скапа чанта која и припаѓа на Сторми – првата чанта таа ја доби уште на почетокот на септември минатата година, кога Кајли ја почести со скапа чанта и својата Сторми и ќерката на Ким Кардашијан. За божиќните празници пак, Ким Кардашијан возврати со серија скапи чанти – подароци за децата од семејството Џенер-Кардашијан.

На фотографиите постирани на Инстаграм од страна на Кајли Џенер се гледа и дека самата Џенер има ист модел на Биркин чанта, во поголема димензија, и во иста розова нијанса.

Инаку, Биркин чантите во модниот свет се симбол на гламур и висок статус, а најчесто ги носат славните личности. Тие се најпопуларни чанти воопшто, а Викторија Бекам од нив има над 100 модели. И Кајли Џенер поседува огромен број на Биркин чанти, како и Ким Кардашијан. Цената на основен модел на ваква чанта почнува од 12 илјади долари па се до полуксузни модели кои чинат до 300 илјади долари.

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...