14 модни комбинации од Mango совршени за свечени пригоди

Модната марка Mango во новата колекција ни нуди прималиви решенија како да се додераме за поважни настани, коктел-забави, свадби, матурски и воопшто свечени пригоди во текот на пролетната и летната сезона.

Во понудата предност имаат лелеавите макси фустани од нежни материјали, со женствени кроеви. Трендовските бои жолтата и портокаловата ги сретнуваме кај неколку модели, но не недостига и цветниот принт. За оние кои ја сакаат елегантната црна боја, може да се одлучат за прекрасните креации од проѕирни материјали. Комбинирајте ги фустаните со сандали на висока потпетица, или пак со рамни римјанки, како и со ултрапопуларните сандали со пластични, проѕирни додатоци.

Оние пак кои го преферираат стилот со панталони, фантастични решенија се моделите со долги и широки ногавици, а висок и нагласен струк. Комплетите со панталони се нагласени и со впечатливи додатоци, како на пример, долги ремени кои се врзуваат во панделка.

Во фотогалеријата погледнете го нашиот Манго избор, како да се дотерате за свечени пригоди.

x

Check Also

Листа на желби: Карирани чевли од BERSHKA за есен 2018

Карираните материјали и принтови остануваат актуелни и оваа есен. BERSHKA во есенската ...