140 деца од Скопје, Струмица и Кавадарци и ова лето пливаа и уживаа со пливачките школи организирани од ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

Завчера на градскиот базен во Кавадарци се одржа завршниот час од третата по ред пливачка школа за оваа година „Пливај и уживај“, организирана од Еуролинк осигурување. Поаѓајќи од минатогодишното позитивно искуство, и оваа година Еуролинк осигурување им овозможи на 140 деца да пливаат и да уживаат со пливачките школи во Скопје, Струмица и во Кавадарци.

Децата на возраст од 8 до 12 години успешно ги совладаа четирите основни техники во пливањето без помош на пливачко помагало – пловка. Наставата на часовите се реализираше по УССВИМ програмата (Американска програма за обука на деца непливачи) под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска и нејзиниот тим, во реализација од 8 до 10 часа. За прв пат оваа година пливачката школа беше адаптирана за деца со оштетен слух и вид, како и за деца со Даунов синдром. На завршниот час од секоја школа на учесниците им беше доделена диплома за успешно завршена пливачка школа. На наше големо задоволство, и оваа година интересот за пливачките школи беше голем, а децата, покрај тоа што научија да пливаат, создадоа нови пријателства и се стекнаа со ново искуство, со надеж дека некои од нив ќе започнат и професионално да се занимаваат со овој спорт. Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност, ,, Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’ во која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, уметноста и на културата во Република Македонија.

Со вистински вредности до здрави, среќни и успешни деца. Се гледаме на некоја од следните возбудливи активности.

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...