15 чифта машки чевли од пролетната колекција на Massimo Dutti

Лесно и елегантно се чекори во пролетта со новата колекција на чевли од „Масимо Дути“.

Моделите се прифатливи за различни вкусови и пригоди – од оние со англиски шмек за шик изглед на работното место до елегантните кои убаво се комбинираат со костум за посвечени вечерни пригоди, па се до оние кои се наменети за кежуал движења.

За спортските типови тука се новите кожени бели патики, а за љубителите на лесните мокасини – симпатични италијански дизајни ќе најдете во новата линија.

Боите се класични – кафената доминира, со или без дополнителни додатоци, потоа црните безвремени примероци и темно сините чевли кои ги носиме во сите модни комбинации (дури и тогаш кога на нас имаме само син ремен).

Ѕирнете во фотогалеријата што ни носи Massimo Dutti  за пролет/лето 2017.

 

x

Check Also

Нова колекција во Original Marines, нема изненадувања – најдобри се!

Во продавниците на Original Marines пристигна новата колекција. Претпоставувате веќе? Најдобри се. ...