Што е тоа што секоја трпеза треба да го има? Сол и бибер. Што е тоа што секој кој сака да готви треба да го има? Интернет! Со тоа следи и гледање видеа за готвење на јутуб и следење на веб-сајтови. Согласно ова, ние ви претставуваме петнаесет корисни совети кои ќе ви помогнат како до успешно и лесно готвење.
- Читајте ги рецептите внимателно, но прилагодете ги на себе, својот вкус, мирис и играјте си со состојките.
- Читајте ги и коментарите од читателите кои се испишани под рецептите, бидејќи можете многу да научите од нив за подготовката на јадењето.
- Не треба секој оброк да го подготвувате целосно одпочеток, олеснете го готвењето со веќе приготвени јадења или полуготови производи како што се лиснатите теста.
- Кога се размислувате што да правите со зеленчукот, ставете го на скара и додадете маслиново масло и сол. Ова е добитна комбинација за секој оброк.
- Подгответе поголема количина на домашна супа и замрзнете ја во помали или поголеми садови за чување на храна. Со ова нема да изгубите на квалитет, а секогаш може да имате здрав оброк кога сте во брзање.
- Колку помали се состојките за готвење, треба да се печат на повисока температура, а колку што состојките се поголеми, потребна е помала температура, но потребно е подолго време да се приготви истата.
- Кога подготвувате пире од компири, откако ќе го исцедите компирот, вратете го во врелиот лонец 5 минути и ставете го на тивок оган, така од него ќе излезат вишокот течности.
- Зачините не ги чувајте во близина на шпоретот, туку на темно и ладно место, бидејќи температурата и влагата може да влијаат на тоа да се изгуби вкусот од зачините.
- Гответе ги тестенините минута или две помалку одошто времето напишано во упатството за подготовка, а за тоа време префрлете ги во сосот.
- Откако ќе сецкате лук, протријте ги рацете од мијалникот бидејќи не’рѓосувачкиот челик ќе го одстрани мирисот од лукот.
- Пред да го сецкате зеленчукот на даската за сецкање, посолете ја подлогата. Со тоа зеленчуккот нема да се лизга од даската.
- Кога подготвувате сендвич, размачкајте го мајонезот или кечапот до работ на кришката леб. Сите го прескокнуваме овој дел, а токму тоа го обогатува вксуот на сендвичот.
- Ако сакате подобро да ја пресечете сланината, ставете ја во замрзнувач 15 минути.
- Како да знаете дали маслото е доволно загреано за пржење? Ставете ја дрвената лажица во маслото од тенџерето. Ако околу лажицата се појават меурчиња, маслото е доволно загреано.
- Ако го пресоливте јадењето, вишокот на сол можете да го впиете со додавање на парчиња компир или лажица шеќер која ќе го неутрализира вкусот.