15 костими за капење од Bershka за секој тип на тело

Bershka годинава ни нуди различни модели на костими за капење кои ќе погодат и различни вкусови, а секоја форма на телото може да си најде свој соодветен модел.

Во колекцијата доминираат трендовските костими со точки, бикините со тропски мотиви, модели со етно детаљи како и легентни решенија во црна и црвена нијанса.

Заводливите дводелни костими за капење, овојпат се во знакот на летните бои, како жолтата, светлосината и бургунди. Секако, тука се и неколку модели на „мали“ црни костими за капење со кои не можете да згрешите.

Како опозиција на шарените бикини, во Бершка ќе најдете и серија на едноделни модели со „кул“ детаљи, а нам особено ни се допаѓаат патентите!

Погледнете ги фаворитите во фотогалеријата.

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...