15 модни парчиња од новата колекција на ZARA кои вредат внимание

Популарните модни марки веќе ги полнат своите дуќани со парчиња од есенските колекции, и веќе може да се заклучи кои од нив ќе бидат фаворити за есен 2018.

Во прв план од обувките се чизмите „каубојки“, кои прво ги видовме во есенската колекција на Манго, а сега и кај ZARA. Кога сме кај обувките, остануваат актуелни високите чизми, овојпат со набори, а во модната игра влетуваат гломазните чизмички со нитни.

Џемперите никогаш не биле во толку впечатливи бои – кај Зара, особено ни се допадна, неон-розовиот џемпер со ролка.

Пенсил сукњите се актулни за деловната атмосфера, а за вечерни излегувања, тука се асиметричните кроеви на сукњи. Карираните примероци и моделите од твид остануваат на сцената, како и чипкастите и „слип“ фустани за посебни пригоди.

Погледнете ги овие 15 модни парчиња од есенската колекција на Зара, зашто заслужуваат внимание.

x

Check Also

Им даваме предност на белите модни парчиња од & OTHER STORIES

Белите модни парчиња се одлични за деновите поминати под сонцето, а модната ...