Деновите до Новата година и Божиќ веќе се бројат, а многумина размислуваат за оригинално украсување на трпезата во духот на Новата година и Божиќ.
Пријатна атмосфера на трпезата може да создадеме едноставно и евтино, со малку имагинација и труд. Ако сте барем малку инвентивни, ви носиме 15 интересни идеи како да ги пречекате блиските гости на празничниот ручек или вечера.
Идеите се едноставни, брзи и имаат огромен ефект! Инспирирајте се од фотогалеријата.
- Овие снешкобелчовци се прават со маслинки, морков и салветки
- врз чиниите (или во чашите) ставете две слатки чадорчиња врзани со црвена панделка
- со помош на три-четири зелени салветки може да направите елкичка
- тотално бело не е само симбол на елеганција туку асоцира и на снег
- стапчињата цимет вака може да ги употребите – прекрасен ефект и миризба
- со хартија во боја направете „држачи“ за приборот
- едноставна и елегантна маса се добива со употреба на декорирани тегли
- црвени јаболки декорирани со гранчиња од бор – совршен украс на масата
- потребен ви е само соодветен сад на два или три ката за да направите фонтана со црвени и бели лампиони
- брзо и ефектно – белите свеќи во различна големина украсете ги со сатенска лента
- со сол и шеќер во тегличките ќе постигнете ефет на снег, додадете мали свеќички
- една голема елка не може да постигне таква елеганција како три мали елкички
- листови, суво овошје и златен спреј ќе дадат одлична елеганција на трпезата
- употребете ги свеќниците наместо за свеќи за црвени лампиони
- шишарки испрскани со зелен спреј – поевтино не може да биде, ниту повпечатливо!