15 причини да летувате во јужна Италија: Апулија

Прекрасната област Апулија ја претставува самата „штикла“ на италијанската карта која изгледа на чизма, сместена во јужна Италија, и толку е живописна што изгледа како да е насликана.

До Апулија може да стигнете наједноставно со траект од Драч, или пак со траектот Бар-Бари (Бари е главниот град на Апулија), излегува на две мориња, на Јадранското и Јонското. Целата област е рибарска, па доколку сте љубители на свежа риба и морски плодови, совршено маслиново масло, тестенини по домашен рецепт и прекрасно вино, ова е вистинската летна дестинација која ќе ве чини далеку помалку од летувањето во било која друга популарна област во Италија.

пазарите се полни со риба и морски плодови

Според „Нешнал Џиографик“ Апулија е на врвот на дестинациите кои треба да се посетат, „Њујорк Поуст“ ја нарекоа „волшебната Апулија“, а „Лонли Планет“ ја ставија на листата на дестинации кои мора да се видат.

Еве само 15 нешта што не смеете да ги пропуштите во Апулија.

Да преспиете во Алберобело

Вечерајте во пештера

Посетете го Полињано откако претходно ќе резервирате место за романтична вечера во Грота Палацезе, ресторан сместен во пештера.

Танцувајте

Гледајте претстава или сами заиграјте го типичниот танц на областа наречен Пицика. Се разбира и запејте со локалните жители кои пејат додека танцуваат.

Посетете го Лече

Лече е познато како „Фиренца на југот“, препознатливо по единствената баркона архитектура. Не ја пропуштајте црквата Базилика Санта Кроче.

Прошетајте низ пештерата Кастелана

Недалеку од Бари ќе ве пресретне уште едно природно чудо, пештерата Кастелана каде што се наоѓа 60-метарскиот вертикален тунел.

Научете да правите орекиете

Орекиете е типична паста на областа Апулија. Прекрасни се со лук, чили и брокули, а се прават на единствен начин. Брашно, вода и години искуство. Доколку не научите да ги правите, задолжително дегустирајте ги.

Пробајте Бурата

Овие прекрасни специјалитети се карактеристични за оваа област, се прават од млеко и сирење и многу се вкусни.

Јадете риба во Галиполи

Во ова рибарско гратче со уникатна арапска архитектура ќе ја јадете најубавата риба и морски специјалитети.

На кафе во Отранто

Градот Отранто е спектакуларна сцена. Седнете во некое кафуле на гланата улица и само гледајте во луѓето кои поминуваат.

Забавувајте се како да сте на Ибица

Одете барем на една журка на плажа. Атлантис Бич е најпопуларната дестинација за журкање со познати диџеи од сите страни на светот.

Напијте се Негроамаро

Не смеете да си заминете оттука бз да го дегустирате единственото негроамаро вино.

Јадете се што се нуди

Апулија има многу традиционални јадења кои треба да се пробаат. Еве само некои од нив – тарали, фризеле и фокача. Пробајте го и перфектното маслиново масло. Јадете сладолед, домашен. Традиционалниот леб е премногу вкусен и се прави со маслиново масло. Едноставно, тука не може да бидете на диета.

Посетете го Тремити островот

Тремити островот е дел од националниот парк Гаргано, па ако сакате волшебна природа и кристална вода не треба да го заобиколите.

Избањајте се во Марина ди Песколусе

Нема да верувате дека не сте на Малдивите. Марина ди Песколусе е дефинитивно една од највредните причини зошто да заминете тука на одмор.

x

Check Also

СПЕКТАКУЛАРНА ПРОСЛАВА ЗА 10 ГОДИНИ АКВА ПАРК ПРОБИШТИП

Ова лето, Аква Парк Пробиштип ќе го одбележи својот јубилеј – 10 ...