16:8 – Лесна диета која одлично функционира

Веројатно сте пробале најразлични диети, некои потешки, некои полесни за „држење“ и секако, резултатите стигнувале побрзо или поспоро, а главна причина што не сте продолжиле биле здодевноста на пресметување на калории или пак, строгиот диетен режим кој бара многу откажувања.

Диетата наречена 16:8 е една од ретките на која може лесно да се придржувате. А еве и зошто.

Диетата 16:8 е креирана околу правилото – 16 часа во секое деноноќие да се пости, додека во останатите 8 часа да се распрелеат трите оброка. Иако исхраната без забрани на прв поглед изгледа многу примамливо, важен е постот од 16 часа на кој сепак, многу полесно може да се навикнеме.

Како функционира оваа диета?

Првиот чекор до успешна 16:8 диета е да го определите времето од 8 часа во текот на денот во кое ќе ги распределите оброците. За некои тоа би значело прескокнување на појадокот, за други пак, прескокнување на вечерата, односно – многу доцен појадок или многу рана вечера. На пример, ако одлучите времето од 8 часа да го распределите во периодот од 12 на пладне до 20 часот навечер, тогаш појадокот ќе ви биде во 12 часот, ручекот околу 16 часот, а со вечерата треба да завршите најдоцна пред 20 часот навечер. Или пак, ако појадокот ви е во 9 часот наутро, со последниот оброк треба да завршите во 16 часот попладне.

Броењето на калории не е потребно, иако здравите оброци имаат предност.

Како да се „преживеат“ останатите 16 часа?

Во останатиот ден од денот кој содржи 16 часа пост дозволени се конзумирања на вода, чај (без шеќер) и кафе. Се разбира, најмалку пола од времето ќе го преспиете (во текот на ноќта) додека останатите часа може да ги распределите на два три часа после будење кои ќе ги искористите за подготвување за одење на работа, и неколку часа пред спиење кои се секако добредојдени после последниот оброк, пред да одите на спиење.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...