17 нови Барби-кукли дизајнирани според ликовите на инспиративни жени

Цели 58 години популарните кукли Барби ја промовираат модата и модните трендови, а со оглед на тоа дека 86 отсто од родителите покажале интерес какви ќе бидат следните модели на Барби, бидејќи самите кукли ги инспирираат нивните ќерки, од компанијата Мател најавија 17 нови модели на Барби инспирирани од моќни жени.

Серијата кукли насловена „Инспиративни жени“ содржи 17 модели на Барби дизајнирани според ликовите на Фрида Кало, Ешли Грем, Ева Чен, Пети Џенкинс, Кетрин Џонсон, Сара Гама и други, односно куклите се инспирирани од познати математичарки, спортистки, глумици, сликарки, новинарки, режисерки..Заедно со секоја Барби кукла ќе се продава и мала книгичка за делото на инспиративната жена.

x

Check Also

И деца ќе учествуваат на „Трчај бе“ во Битола на 15-ти Септември

Немој да трчаш, ќе се испотиш! Застани, ќе паднеш, доста со трчање ...