2 супер состојки што треба да ги консумирате – чија и семки од тиква

Здравата исхрана докажано придонесува за доброто здравје, подигнување на имунитетот и заштита од голем број болести. Во последните години, а особено во време на светска пандемија кога на здравјето и силниот имунитет дополнително му се придава значење, трендовите и начинот на исхрана доживуваат константна промена, со фокус кон онаа храна која обезбедува повеќе хранлива вредност и бенефити за организмот.

Чија семето се вбројува во категоријата „superfoods“ (супер храна) и содржи голем број хранливи материи за организмот. Иако изгледаат мали и човек лесно би ги потценил, не се залажувајте, ова семе навистина нуди многу. Всушност самиот збор „чија“ е древен збор на Маите кој значи сила. Покрај фактот што не содржи глутен, важно е да се спомене дека чија семето е богато со омега-3 масни киселини кои се важни за срцето, омега-6 масни киселини кои делуваат противвоспалително, хранливи влакна важни за здрав дигестивен систем и намалување на ризикот од развој на дијабетес, а богати се и со антиоксиданси, цинк, витамин, калиум, витамини Б, Б2 и Б3, како и со протеини. Чија семето содржи и високи концентрации минерали – манган, магнезиум и фосфор.

Уште еден член на групата „superfoods“ се семките од тиква. Дури и мала количина од нив може да обезбеди значителна доза здрави масти, магнезиум и цинк. Всушност и American heart association (Американското здружение за срце) препорачува редовен дневен внес на семки од тиква за кардиоваскуларно здравје. Семките од тиква содржат антиоксиданти како каротиноиди и витамин Е, кои можат да го намалат воспалението и да ги заштитат клетките од штетните слободни радикали. Семките од тиква се еден од најдобрите природни извори на магнезиум – минерал кој често недостасува во диетите на многу западни популации. Магнезиумот е потребен за повеќе од 600 хемиски реакции во телото како контролирање на крвниот притисок, намалување на ризикот од срцеви заболувања, формирање и одржување на здрави коски, регулирање на нивото на шеќер во крвта. Дополнително, во својот состав имаат и витамин К, фосфор, манган, железо, бакар, полинезаситени масни киселини, калиум, витамин Б2 и Б9.

Што се добива кога ќе се спојат чија семе, семки од тиква, 100% цело зрно пченична прекрупа и маслиново масло? Се добива „Супер леб“ во вистинска смисла на зборот. Интегралниот леб со супер семки – чија и тиква, еден од трите видови супер лебови на Жито Лукс комбинира здрави, минимално обработени состојки во еден супер хранлив производ кој не содржи палмина маст, додадени шеќери или, пак, вештачки бои и конзерванси.

Во секојдневно исполнетиот распоред и брз живот, често јадеме нешто што е брзо, лесно и погодно, наместо здраво. Дури и кога се обидуваме да изгубиме тежина, се одлучуваме да исфрлиме некои основни состојки од нашата исхрана, најчесто јаглехидрати. Ова, наместо да нè направи поздрави, го прави токму спротивното. Секој елемент е потребен за телото, без разлика дали станува збор за витамини, минерали, протеини, јаглехидрати, влакна или дури и маснотии (оние здравите, се разбира). Секоја од овие хранливи материи има свои индивидуални улоги во физичкото и менталното здравје. Па затоа, во иднина паметно одбирајте го вашиот леб и истиот нека биде супер храна, со супер состојки, кој мора да содржи одлични хранливи материи, лесно и брзо да се комбинира и подготви некое вкусно залче.

x

Check Also

Што се јаде на новогодишната ноќ во земјите низ светот

Во поголем дел од светот се прославува Новата година. Иако прославата секаде ...