2019 Golden Globes Awards: Лејди Гага ѕвезда на црвениот тепих

32-годишната пејачка, препознатлива по ексцентричниот стил, беше ѕвезда на црвениот тепих на 2019 Golden Globes Awards.

Облечена во фустан во нијанса на лаванда која пак, се согласуваше со бојата на нејзината коса, Лејди Гага го освои вниманието на црвениот тепих. Највпечатлив беше ѓерданот од Тифани кој го носеше со кој создаде ретро холивудски изглед, ист како оној на оригиналната A Star Is Born глумица, Џуди Гарленд.

 

Ѓерданот од новата колекција на Тифани е наречен Аурора и за првпат се промовира преку црвениот тепих на 2019 Golden Globes Awards. Направен е од 300 дијамантчиња и главен 20-каратен дијамант во средината, во форма на бисер.

Изгледот е заокружен со шминка во нијанса на лаванда која ги нагласува очите.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...