2019 Golden Globes: Џулија Робертс во шик креација од Стела Мекартни

Номинирана за најдобра глумица во телевизиска серија за нејзината улога во Homecoming, 51-годишната глумица Џулија Робертс се појави на црвениот тепих на годинешните Golden Globes награди облечена во впечатлива модна комбинација.

Робертс носеше „горен дел“ од фустан во комбинација со свилени црни панталони, креација на Стела Мекартни. Изгледот беше заокружен со обетки и белегзија од Чопард.

Црните нежни сандали на нозете, како безвремен класик, одлично одговараат со ненаметливата, дискретна шминка и усните во „nude“ нијанса.

Робертс е добитничка на три Golden Globe награди за нејзините претходни улоги во блокбастерите Steel Magnolia, Pretty Woman, и Erin Brockovich.

 

x

Check Also

Кејт Мидлтон во светлосин фустан на финалето на Вимблдон

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера го следеше финалето на Вимблдон. За ...