Дневни архиви: 02/06/2021

Интимна атмосфера, но огнена енергија: Отворањето на Танц Фест 2021 проследено со овации и аплаузи

Одушевување, овации и аплауз кој не запира се впечатоците од синоќешното отворање на 17-иот по ред Танц Фест Скопје! Во Домот на Армијата, во интимна атмосфера, но со огнена енергија, публиката уживаше во македонско-словенечкиот спој на сцена, кој никого не остави ...

Повеќе »

Конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика на АИКА Македонија

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика. Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност, е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции. Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал. Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на У.О. на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се граѓани на Република Северна Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Северна Македонија повеќе од една година. Наградата е во висина од 30.000 денари и за неа ќе одлучува трочлено стручно жири. Конкурсот е отворен од 2 јуни 2021. и трае до 02 јули 2021. Кандидатите треба да достават: – опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1500 збора) – CV на кандидатот (или доколку станува збор за група истражувачи на сите поединечни членови на истражувањето). Наградениот проект треба да биде изработен до ноември 2021., пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде наградената реализација ќе биде претставена. Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 15 јули, 2021. Материјалите треба да се испратат на следната адреса: contact@aica-macedonia.org.mk Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура на ...

Повеќе »

Отворен е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ”

Фондацијата “Милан Младеновиќ” распиша конкурс за наградата “Милан Младеновиќ 2021”, под слоганот “Пријави ја твојата песна”. Конкурсот е отворен од 1-ви до 30-ти јуни 2021-ва година. Наградата „Милан Младеновиќ“ е основана со цел да ја поттикне музичката креативност, која се карактеризира ...

Повеќе »