22 креации на Мила Кадриу претставени во снежен амбиент

Во снежен новогодишен амбиент  Мила Кадриу ја претстави најновата колекција наречена „Crystal ball“ (Кристална кугла), вчеравечер во „Сити хол “ центарот во Скопје.

MK_defile

 

Дефилето на моделите од модната агенција „Подиум“  го заврши пејачката Тамара Тодевска која се појави во нетипичен невестински фустан, воедно единствен невестински фустан во новата колекција на Кадриу.

 

За разлика од досегашните раскошни тоалети и венчаници кои станаа заштитен знак на Кадриу, колекцијата составена од 22 модни креации со потписот на „MCouture by Mila Kadriu“  овој пат ја карактеризираат коктел фустани, палта, комбинезони и панталони за актуелната сезона.

MK5

Тамара во венчаница на Кадриу

Во рамките на неодамнешниот десетти Моден викенд Скопје, на изложбата на отворено наречена  „Арт ограда“  беше поставено пано со една од креациите од „Crystal ball“  за есен/зима  2014/2015 година, како најава за презентација на целата колекција.

x

Check Also

Поглед на новата спортска колекција од Guess

Моделката Натали Роузер позира во новата кампања на спортска облека Guess за ...