Неделен хороскоп (27ми април -3ти мај): Топ знаци на неделата Близнаци, Вага и Водолија

Оваа недела планетата Меркур во знакот на Бик ќе донесе добри вести за сите земјени знаци, но и за Рибите и Раковите. А вие во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви резервираа ѕвездите за оваа недела!

Овен: Да живее љубовта!
Љубовта ги исполнува вашите денови: Венера во поволна позиција ви дава толку многу среќа на полето на чувствата, и прекрасни моменти со специјална личност која ќе ви го врати доброто расположение за кое мислевте дека сте го загубиле. Четврток и петок ќе бидат два дена полни со емоции и убави изненадувања. Внимание, сепак, на оние малку повеќе нервозни денови- вторник и среда, со каприциозна Месечина.

Бик: добредојде, Меркур!

Позитивното влијание на Меркурио започнува да носи плодови на деловен план: се раѓаат нови идеи, нови проекти и перспективи кои, во втората половина на годината, ќе ви донесат одлични резултати. Во меѓувреме, треба да се справите со Сатурн во неповолна позиција, што создава уште неколку пречки на патот кон вашата реализација и со подеднакво неповолниот Марс, кој ви ја одзема енергијата. Среќни денови – сабота и недела.

Близнаци: среќна Месечина!
Вашата недела започнува со навистина среќен понеделник, во кој прекрасната Месечина – заедно со Венера  – ќе ви дадат страст и романса. Има големо разбирање помеѓу вас и вашиот партнер и ќе има желба да направите планови заедно за иднината. Добра вест може да дојде на работното место на самиот крај од неделата. Од друга страна, деновите сабота и недела се малку нервозни.

Рак: прекинете ја рутината!
Оваа недела може да сметате на два супер среќни денови, во кои прекрасната Месечина ќе заблеска во вашиот знак: вторник и среда. Поволната планета Меркур ви помага да решите комплицирана ситуација во семејството или да ги решите работните проблеми. Во љубовта, не очекувајте искри: ризикот во овој период е да влезете во рутина … а тоа лошо ќе ви влијае на расположението.

Лав: каков стрес!
Доживувате период на голем стрес: спротивставувањето на Сатурн и на Марс продолжуваат да ве прават да се чувствувате под притисок и без енергија и оваа недела. За среќа, раскошната Венера размислува да ги расположи вашите денови! Моќта на љубовта  ќе ви овозможи да закрепнете и да почувствувате спокојство, дури и ако сте затворени во домот.  Кога и да е можно, дајте си малку релаксација.

Девица: неповолна Венера …
Љубовта продолжува да ви носи тежок период: Венера во неповолна позиција ги потенцира тензиите меѓу вас и партнерот и ќе биде лесно да избувнат кавги и недоразбирања. Обрнете особено внимание на понеделник, кога Месечината, исто така, ќе придонесе да бидете особено нервозни и не многу толерантни. Среќни се деновите сабота и недела, во кои ќе има убаво закрепнување на енергијата.

Вага: бакнати од ѕвездите!
Драги Ваги,sвездите се подготвени да ви дадат големи задоволства на секој фронт! Го имате на ваша страна прекрасниот Марс, подготвен да ви даде енергија и здравје, како и прекрасната Венера, која ве фаворизира на сентиментално поле.  Некои парови можеби ќе размислат за некои убави проекти за блиска иднина … Внимание само во вторник и среда.

Шкорпија: сметајте на Месечината!
Минувате низ тежок период, особено на професионалниот фронт. Опозицијата на Меркур, заедно со неповолната позиција на Сатурн, ви наложува да наидете на блокади или пречки на вашиот пат, но не очајувајте! Втората половина на 2020 година ќе ви овозможи големо закрепнување. Во меѓувреме, фокусирајте се на деновите кои се бакнати од убава и среќна Месечина, сабота и недела.

Стрелец: одвојте време!
Вашата недела се отвора со прилично напнат понеделник, во кој опозицијата на Месечината – заедно со онаа на Венера – ризикува да создаде дури и вжештени кавги со партнерот. Во овој период се сомневате во сè, дури и за вашата врска, но добро е да одвоите време и да не дејствувате во брзање за да не мора да жалите за вашите избори. Деновите – четврток и петок се порелаксирани.

Јарец: нервозна недела …
Ова веројатно ќе биде една недела малку нервозна за вашиот знак, особено во првата половина. Во вторник и среда ќе мора да се справите со спротивставувањето на Месечината, што ќе ве натера да се чувствувате особено нервозни. На работа има ситуации на блокирање и неможност да ја контролирате ситуацијата, што ве побудалува…Не се деморализирајте: во наредните месеци сè ќе оди најдобро!

Водолија: соучесништво и страст!
Драги Водолии, ѕвездите продолжуваат да дејствуваат во ваша корист и оваа недела, особено во однос на чувствата: соучеството и меѓусебното разбирање меѓу вас и партнерот ќе бидат навистина интензивни, додека кај осамените би можело да се појават некои симпатии… Внимание, сепак , во четврток и петок, кога се очекува малку лошо расположение поради Месечината во опозиција. Среќен ден: понеделник.

Риби: силата е во вас!
Драги Риби, не е едноставен период за вашиот знак во однос на чувствата: Венера продолжува да биде во неповолна позиција и љубовта не престанува да ве мачи. Обидете се да го исчистите вашиот ум од многуте претпоставки! Овој период навистина ќе ви помогне да разберете дека имате сила да го направите тоа сами, без да зависите од никој. Не земајте се здраво за готово, особено во сабота и недела, кога Месечината ќе биде во опозиција.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...