3 Божиќни коктели кога надвор е под нулата

Кога надвор температурата е под нулата, а вие уживате во домашната празнична атмосфера и ви недостасува само еден добар пијалак.

kok1

Божиќен пунч 

75 мл сок од мандарина, 150 мл овошен ликер по желба, 225 мл виски или коњак, 300 мл сок од брусница, 1 стапче од ванила (или екстракт од ванила), 1 мандарина (исечкана), шлаг за украс.

Помешајте ги сите состојки и чувајте ги во фрижидер околу 2-3 часа пред сервирање. Уште еднаш убаво помешајте и послужете украсено.

Варена крушка со ѓумбир

2 л сок од јаболка, 2 парченца ѓумбир во големина на палец (исечкани), 2 зрели круши (исечкани), 2 стапчиња цимет, 2 лажици кафеав шеќер, сок од 4 лимети, изрендана кора од 2 лимети, 500 мл рум.

Претурете го сокот од јаболка во лонец, додадете го ѓумбирот, крушките, циметот и шеќерот. Изрендајте кора од 2 лимети и додадете ја во сокот. Сварете ја мешавината се додека шеќерот се стопи. Кога ќе се излади, додадете го румот и сервирајте топло со стапче цимет.

kokt2

Кремаст божиќен коктел

40 мл коњак, 30 мл ликер од чоколада, 15 мл млеко од бадем, 15 мл слатка павлака, фстци за украс.

Во шејкер изматете ги сите состојки со малку мраз. На крајот изрендајте фастаци и украсете го коктелот.

kokt3

x

Check Also

Видео водич за подготовка на 3 најпопуларни новогодишни коктели

Коктелите се најавуваат како водечки тренд во 2017 година, особено како избор ...