3-дневна диета со мандарини

Диетата ќе им се допадне на сите оние кои сакаат протеинска храна и кои се подготвени наместо колачиња да јадат мандарини. Диетата со мандарини трае само 3 дена, но може да ја повторувате по желба со паузи од една недела, се додека не дојдете до фит форма.

Прв ден

Појадок- чаша сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини, две кришки посна шунка, кафе или чај (без шеќер)

Ручек – 5 мандарини, 250 грама сезонска салата со лимонов сок, чај, кафе.

Вечера – 150 грама варено посно месо, 200 грама зелена салата со сок од лимон, чај со мед.

Втор ден

Појадок – Сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини, две варени јајца, кафе или чај.

Ручек – 5 мандарини, 50 грама сирење/кашкавал со мал процент на масност (до 30 отсто)

Вечера – 200 грама риба, зелена салата.

Трет ден

Појадок – 5 мандарини, 3 лажици овесни снегулки со лажица суво грозје, кафе без шеќер

Ручек – чинија супа од зеленчук

Вечера – 200 грама пилешко месо, зелена салата.

x

Check Also

Кајгана диета, звучи вкусно, а одлично функционира

Познато е дека свежите јајца имаат протеини, витамини и минерали, заситуваат, а ...