3 едноставни чекори до меки и сензуални усни

За време на зимските денови усните многу често се сушат, а како резултат на тоа тие стануваат испукани, кои освен што не изгледаат убаво, туку не се поправаат ниту со шминка. Со соодветна нега, вашите усни може да станат нежни и неодоливи.

 usni 2

Пилинг

Задолжително барем двапати во текот на неделата направете пилинг на усните. Нанесете малку балзам на усните и истријте ги со стара четка за заби за да ги отстраните мртвите клетки од кожата.

Нега

Секојдневно, повеќепати, на усните нанесете балсам кој ќе ги обезбеди со потребната хидратација. Балсамот нанесете го задолжително пред да го нанесете карминот, но оставете го добро да се впие пред да почнете да се шминкате.

Заштита

Заштитата од сонце е неопходна во текот на целата година. Кога веќе ја заштитувате кожата на лицето, рацете и телото зошто да не го направите тоа и со усните? Задолжително употребувајте балсам за усни со заштитен фактор.

 

x

Check Also

Совети за совршена шминка според формата на очите

Не постои универзален начин на шминкање, особено кога станува збор за очи. ...