3 факти за хотелските соби што (непријатно) ќе ве изненадат

Интернет порталот „Трилист“ ја објави листата на 3 работи што треба да ги избегнувате во хотелските соби. Доколку мислевте дека тоа е (само) далечинскиот управувач кој изобилува со наталожени бактерии, еве уште изненадувања.

ho 77

Не лежете на украсните перници

Можеби украсните перници ви изгледаат прекрасно, но никако не ја ставајте главата на нив. Се прашувате зашто овие перници се викаат на англиски “throw pillows”? Бидејќи се фрлаат од кревет на под и не се перат кога гостите си одат, туку се враќаат назад на креветот. Затоа употребувајте ја единствено перницата на која ќе преспиете.

ho 5

Не ги употребувајте чашите пред да ги измиете

Чашите во собите и во бањата не се измиени со никаков производ за миење садови. Тие се само исплакнати со вода и забришани со крпа со која претходно нешто друго се чистело. Дури и чашите кои се ставени во хигиенски ќесички до мини барот убаво измијте ги пред да ги употребите. Персоналот мора во што пократок рок да исчисти што повеќе соби и нема време за темелно перење на чашите.

Избегнувајте онлајн резервации

Можеме да се обложиме дека не сте знаеле дека хотелските менаџери предност им даваат на туристичките агенции отколку на туристите кои резервираат преку Интернет – затоа вашата соба секогаш ќе биде полоша од онаа другата. Хотелските работници сметаат дека лицата кои резервираат онлајн бараат поевтино сместување, додека клиентите на туристичките агенции се повеќе пребирливи па повеќе сакаат овие вториве да ги задоволат за повторно да се вратат во хотелот.

x

Check Also

Еве кој град е прогласен за најдобар град во светот

Листата се базира на податоци кои се собрани во текот на изминатата ...