3 хороскопски знаци кои ги чека возбудлив февруари

Три хороскопски знаци ќе имаат бурен месец февруари.

Близнаци – Бројни случувања и успех на деловен план

Родените во овој знак месецот ќе го започнат полни со идеи и енергија. Февруари за нив ќе биде месец во кој, доколку се вложат целосно на деловен план, можат да добијат поголема финансиска сатисфакција, а многумина и унапредување. Огромна среќа ќе имаат особено оние кои работат во областа на маркетингот и комуникациите, администрацијата, транспортот и информатичката технологија. Идеите ќе блескаат од нив до 10 февруари, а од средината на февруари може да очекуваат заработка, отворање на нови деловни врати и создавање на значајни контакти.

Шкорпија – Бројни случувања на љубовен план

За родените во овој знак февруари ќе биде месец полн со страст и силни емоции! Осамените Шкорпии сигурно ќе запознаат интересно лице, можно е и преку деловните контакти да запознаат харизматична личност која веднаш ќе ги плени. Доколку се во брак или во долга врска, треба да се внимава -преоптовареноста на работното место да не влијае на вниманието кон партнерот кое многу му значи! Особено магични ќе бидат новите средби (во емотивна смисла) со родените во знакот на Девица, Риба или Рак. Втората половина на февруари е во знакот на помирната љубов, односно на романтиката и уживањето во новите или старите врски. Во секој случај, за Шкорпиите, февруари воопшто нема да биде здодевен месец кога е во прашање љубовта.

Водолија – Возбудливи промени

Водолиите ќе почувствуваат огромни потреби да менуваат се што до сега им пречело. Затоа, февруари за нив нема да биде воопшто лесен месец, но бурен секако. Многу Водолии, па дури и оние кои се во стабилни врски, до 11 февруари ќе бидат склони на флертувања. За слободните Водолии пак, ова ќе биде супер месец да сретнат интересна личност на некое кусо патување или преку Интернет. Фатални нови врски можат да се остварат со лицата родени во знакот на Риба, Лав или Јарец. Во втората половина на месецот, повеќе Водолии ќе почувствуваат „гушење“ на работното место, па ќе побараат и тука промена.

x

Check Also

Девет години Лото и Џокер на Државна лотарија

На 23ти април 2010та година, Државна лотарија, започна со приредување на првата ...