3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути за појадок и едно за вечера, наместо класичен оброк.

Смути од зеленчук и овошје

2 филџани млад спанаќ, 2 чаши ладна вода, 1 банана исечкана на ситни парчиња, 1 портокал излупен и иситнет на кришки, 1 јаболко излупено и исечкано на парчиња, 1 лимон излупен и издвоен на кришки, парче 2см свеж ѓумбир.

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете компактна смеса. Од ова смути ќе добиете две порции, за два последователни дена.

Овошно смути

1 банана, 1 портокал (излупен и иситнет), 1 филџан зрнесто овошје, 30 свежи ливчиња нане, 1 лажица цимет, 2 чаши вода.

Сите состојки се блендираат, миксајте две три минути додека не добиете компактна смеса. Од ова смути ќе добиете четири чаши пијалак кој помага во слабеењето.

Зелено смути

Половина шолја ананас исечкан на коцки, половина авокадо испасирано, 1 филџан спанаќ, малку млеко од соја, 1 лажица ленено семе, 1 банана.

Сите состојки се ставаат во блендер и се миксаат. По потреба додадете малку вода.

 

x

Check Also

5-дневна диета со лубеница

Лубениците се одлични за слабеење бидејќи содржат 90% вода. Освен што ќе ...