3 совети како да го сочувате костимот за капење

Квалитетните костими за капење не се евтини, па доколку сакате подолго костимот да ви трае треба и соодветно да се грижите за него.

Еве 3 значајни совети.

1.

Исперете го рачно со благ детергент

Најдобар начин да го исперете костимот е рачно, а не во машина за перење, со студена вода и благ детергент. Благиот детергент е важен бидејќи само водата не може да го отстрани целиот насобран хлор или морската сол која е заслужна за неговото упропастување.

Во една кофа ставете студена вода и кафено лажиче детергент, потоа рачно исперете го костимот. Потоа оставете го да се суши под сенка, никако директно изложен на сончеви зраци бидејќи тие ќе ја направат бојата на костимот побледа.

2.

Алтернативен костим

Сега откако знаете како да го исперете на правилен начин вашиот омилен костим за капење, преминете на вториот чекор. Можеби нема да ве израдуваме, но доколку сакате костимот подолго да ви трае, не го носете секој ден. Добро е да имате алтернативен костим за капење, а омилениот да го носите преку еден ден. Не заборавајте дека секое влегување во морето (или во хлориран базен) вашиот костим за капење малку по малку се деформира. Носејќи алтернативен костим преку еден ден, ќе му дадете шанса на омилениот костим за капење за тој ден на „пауза“ да се врати повторно во оригиналната форма.

3.

Не го облекувајте во аква паркот

Колку и да не можете да се одделите од вашиот омилен костим за капење, немојте да го носите во аква-паркот. Тобоганите се едни од најдобрите уништувачи на костимите. Затоа за вашите водени лудории одберете стар костим за капење.

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...