3 уникатни и евтини идеи – #НаправиСам закачалки

Како да го уредите домот како вистински професионалци, а тоа да не ве чини скапо? Вистинската умешност не е во шопингот, туку во вашата креативност. МакМода девојки и жени, овие денови посветете се на уредување на вашиот дом со уникатни детали. Ви даваме 3 супер интересни идеи кои лесно можете да ги реализирате, а со тоа воедно да се чувствувате убаво во просторот во кој живеете. Дополнително е тоа што вашите роднини и пијатели ќе бидат изненадени од убавината и уникатноста на вашето катче.

Прозорец за облека
Реновиравте, имате стари прозори од викендицата, соседите ги фрлија старите изгребани прозори? Тогаш време е вие да настапете во акција. Старите прозорци во сите верзии и форми, како на пример оние со повеќе мали прозорчиња може да бидат вистиснки функционален украс до влезната врата. Искористете ги овие прозорци за да можете вашите палта и јакнички да ги прикачите на кул закачалка. Можете да бидете едноставни во дизајнот и да се одлучите за елегантен изглед со тоа што само ќе ги префарбате прозорците во една боја и ќе им прикачите закчалки, а можете да бидете шарени и игриви со идеите па да додадете “полиња“ во прозирите со простор за ваши фотографии, клучеви, убави пораки и сл.

Закачалка од природата
Ако миантиот викенд шетавте или следниот планирате прошетка во планина, соберете дрвца кои можат да бидат материјал за вашата следна закачалка која сите ќе ја обожуваат. Пронајдете дрвена кутија која веројатно ја имате по дома, или пак купете ја од продавница и додадете ги гранките. Тие може да бидат вметнати во кутија од било која форма, мала, голема, кратка, долга, зависно од просторот во кој сакате да ја поставите. Нашите предлози се веднаш до влезната врата или во спалната соба која може да биде наменета за вратоврските на вашиот сакан. Изненадете го овие денови и подгответе една ваква практична и интересна закачалка за неговите модни додатоци. Доколку не сте толку вешти со дрвото, однесете го на најблискиот столар, а доколку сакате можете да ги офарбате во вашата или неговата омилена боја.

 

Гранка држачи за алишта

Потребна ви е една гранка и јутена или рибарска врвка со која ќе ја прикачите гранката. Совршено за секојдневна употреба на облеката која ја користите и треба да ви е на дофат. Ако ја аплицирате во вашата спална соба, може да ви послужи за облеката која ја подготвувате да ја облечете за тековниот или следниот ден, а под неа да ги подредите и обувките. Сепак, одлична е и во детската соба, закачете ја лесно на полицата или било кој друг дел кој ќе одговара и имате фантастично катче за облеката на вашите најмили. Гранката можете ја ставите онаква каква што ќе ја пронајдете, а за поубав изглед можете ја матирате или излакирате. Внесете ја природата во вашиот дом и уживајте во просторот.

 

 

x

Check Also

Стоби со традиција од 11 години како успешен македонски бренд го закрои лозјето за Св. Трифун

 Во присуство на пријателите од бизнис, политички претставници, дипломати како и личности ...