30 модни изгледи од Зара за почетокот на есента (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Модната марка Зара ја најави својата пред-есенска колекција преку атрактивна модна кампања. Кампањата ја снимаше познатиот фотограф Стивен Меисел.

Колекцијата наменета за постудените денови изобилува со парчиња дизајнирани за преодните и есенските денови. Од една страна имаме еклектични бои и ефектни материјали, а од друга страна се враќаме на прочистената, женствената и понекогаш сосема минималистичката естетика.

Во колекцијата доминираат моќните чизми над коленици и таканаречените модели-чорапи. Некои од најубавите модели погледнете ги во фотогалеријата.

x

Check Also

Стартува есенската WOW распродажба со попусти до 80% во Веро центар

Почнува најголемата есенска распродажба во продавниците во Веро центар во Скопје со ...