4 астролошки знаци на кои силно ќе им делува полната месечина на 26-ти август

Ако ги следите астроносмките настани, сигурно ќе го маркирате во календарот датумот 26-ти август – кога месечината ќе биде полна.

Полните месечини не се само прекрасни за гледање, туку тие носат и енергија и вибрации кои можат секому да делуваат. Полната месечина носи емоционални моменти за секого, а енергијата може да биде позитивна или негативна, во зависност од тоа како ја искористувате. Ако сте со смирена состојба на умот, ќе почувствувате голема позитивна енергија, но ако не сте, работите можат да станат покомплицирани. Секако, полната месечина делува кај сите од нас различно, дури и според хороскопот. Всушност, кај неколку хороскопски знаци августовската полна месечина ќе делува посилно отколку кај другите.

Според астролозите, полната месечина на 26-ти август, во знакот на Риби, е една од најубавите полни месечини во годината и носи прекрасна романтична и креативна енергија во која сите може да уживаме. Дополнително, оваа полна месечина ќе ни даде енергија и ќе не раздвижи кон нашите цели. Накусо, време е за позитивни искуства и промени.

Во продолжение, проверете кои астролошки знаци ќе бидат најмногу допрени од полната месечина:

РИБИ

Рибите се чувствителни, сочувствителни и емоционални знаци, а Месечината во астрологијата, меѓу другото, владее со емоциите. Нептун, планетата што владее со Рибите во астрологијата, ќе биде близу до Месечината од перспектива на Земјата. Затоа, Рибите најмногу ќе ја почувствуваа оваа полна месечина – но таа ќе биде многу позитивна за нив. Секои минати спомени, жалење, тага или погрешни толкувања поврзани со минатото кои ги мачеле Рибите во изминатите шест месеци, конечно ќе престанат и ќе станат вистинско минато.

Со шест планети кои се ретроградни, вклучувајќи ја и владејачката планета на Рибите, Нептун, клучниот совет за Рибите е да ги вратат чекорите назад до оној период во кој работите се свртеле наопаку, да извлечат поука и да создадат нов пат што треба да го поминат. Медитацијата, смиреноста и посветеноста на умот, ќе бидат многу корисни во овој период, почнувајќи од оваа полна месечина, на 26-ти август, па се до крајот на ноември, кога Нептун ќе трге директно, односно кога ќе престане да биде ретрограден. Тогаш, и Рибите ќе почнат да се движат само напред, па пред нив се отвора и нова љубов, и нови финансиски можности. Но, тоа ќе биде така, доколку Рибите ја искористат оваа полна месечина за да ги заокружат прашањата што припаѓаат на далечното минато.

ДЕВИЦА

Според астролозите, Сонцето ќе биде во знакот на Девица, точно на 180 степени оддалеченост од полната месечина. Девицата е претставена со девица која ги собира плодовите. Таа внимателно собира и чува доволно жетва до пролетта. Кога Сонцето е во опозиција на Месечината во астрологијата, се јавува контрадикција помеѓу она што се сака и тоа што ни е потребно. Затоа, на полната месечина на 26-ти август, Девиците треба да внимаваат да не се „заробат“ во она што моментално го гледаат како недостаток, односно да не гледаат краткорочно.

Бидејќи минимализмот е второто име на Девицата, треба да го искористат денот на полната месечина за да направат повеќе со помалку. Што се однесува до емотивната врска или пријателството, треба да се вратат чекор наназад. Со Сонце во опозиција на Месечината, веројатно е дека сте ја загубиле вашата главна карактеристика – објективноста. Време е да бидете трпеливи. Меркур ќе престане да биде ретрограден на 19-ти август, а тоа ќе ви помогне да поставите попрецизни планови и стратегии. Секогаш запомнете дека времето е на ваша страна.

ЈАРЕЦ

И Сонцето и Месечината ќе направат позитивна релација со Сатурн, планетата која управува со Јарците. Затоа, Јарците многу полесно ќе се справат со полната месечина отколку Рибите и Девиците. Всушност, оваа полна месечина ќе свети врз вашата улица! Ова ќе биде совршено време за да ги преболете минатите неуспеси што можеби сте ги имале и во работата и во вашите романтични врски. Како што природно не ви се допаѓа да сте вознемири, нешто што ве мачело во последно време, во овој период сосема и лесно ќе исчезне.

Бидејќи Сатурн сè уште е ретрограден и ќе остане до 6-ти септември, ова е одлично време да се направи еден последен замав за да се заврши недовршената работа. Ако ја искористите целосно енергијата на полната месечина, лесно ќе можете да ги заборавите емотивните проблеми од изминатиот период, и да скокнете во среќна зона на успешност во вашата работа и на личен план.

ВОДОЛИЈА

Исто како кај Девиците, слични позитивна поврзаност ќе има Уран, планетата која раководи со Водолиите, со Месечината и Сонцето. Ако ја искористите позитивната енергија на полната месечина, како сигурна карпа за стапнување во однос на личната еволуција, тогаш нема да имате емотивни проблеми во 2019 година. Затоа, клучниот совет за Водолиите е да го искористат периодот за да влезат во допир со својата емотивна страна и да размислат дали гледаат објективно на работите. Ако успешно ги излечите старите рани, оваа претстојна полна месечина, ќе ви помогне да го привлечете вистинскиот партнер и да ќе ви го покаже вистинскиот пат во развојот на вашата креативност.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ – Literatura.mk Superstore

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...