4-дневна диета со јаготки

Искористете ја сезоната на јагоди и испробајте ја оваа диета која гарантира дека за само четири дена ќе загубите 3 килограми.

Woman smiling with strawberry

Јагодите се богати со витамин Ц и со фолна киселина, одлични се за регулирање на метаболизмот, а се препорачуваат и за регулирање на крвниот притисок. На психолошки план, го намалуваат стресот и го зголемуваат расположението.

Оттука и оваа диета е здрава, а во текот на нејзиното „држење“ нема да се чувствувате нервозни, туку напротив со убаво расположение.

Прв ден

Појадок – Овошна салата со 300 грама јаготки, половина јаболко и половина банана. Исечкајте ги на ситни парченца, измешајте ги, ставете ги во чаша и додадете 50 грама јогурт со мала масленост, по желба и една кафена лажичка мед.

jagodi 3

Ужина – Шејк од 100 грама јаготки со 1 дл немасно млеко, додадете половина лажичка мед и 50 мл минерлна вода. Се добро изматете.

Ручек – Салата која се прави со 150 грама јаготки, парченце мисиркини гради, 100 грама краставица, 20 грама мелени ореви, 1 лажица лимонов сок, малку сезонски зеленчук по желба (може и пакетче за супа) и лажичка маслиново масло.

Ужина – Јогурт со јагоди. Измиксајте 100 грама јагоди и 1 дл немасен јогурт со лажичка мед.

Вечера – Салата. Измешајте 1 варен компир, главица ситно исечкан кромид, 1 мал варен целер, 1 дл јогурт, 50 грама немасно сирење. Додадете лажица лимонов сок, малку сол и црн пипер по желба.

Втор ден

Појадок – 2 кришки интегрален леб премачкани со немасно сирење.

Ужина – Пире. Од 200 грама јагоди направете пире, помешајте со различно зрнесто овошје и додадете лажичка мед.

Ручек – Салата. Во чинија помешајте ситно сечкани јагоди – 100 грама, половина зелена салата, домат, пиперка, немасно сирење – 50 грама, јогурт половина чаша, сок од лимон и сол по вкус. Салатата јадете ја со 1 тост од интегрален леб.

jagodi 7

Ужина – Коктел. Мешавина од сок од јагоди, немасен јогурт и сок од ананас.

Вечера – Палачински со јагоди. Палачинките испечете ги на тефлон тавче, а филот направете го од мелени јаготки , младо сирење и лажичка мед. Превкусни се.

jagodi 5

Трет ден

Појадок – Енергетски коктел. Овесна каша со додаток од половина децилитар сок од јаболка, половина банана и 100 грама сечкани јаготки.

jagodi 10

Ужина – Коктел. Измиксајте 1 дл нискокалоричен јогурт, 100 грама јаготки и лажичка мед.

Ручек – 200 грама свежи јаготски со карфиол. Мала главица карфиол сварете ја, премачкајте ја со лажичка путер, а потоа наросете ј со јаготките.

Ужина – Мешавина од 1 дл сок од портокал со јаготки и лажичка мед.

Вечера – Пире. Направете го од поголем варен морков и 1 сварен компир, додадете малку млеко како за пире. Додадете и лажичка масло и малку вода. Ставете го пирето во сад за печење, наросете врз него пармезан и сечкан домат, малку босилек, и оставете да се потпече 10-на минути.

Чевтри ден

Појадок – 2 кришки интегрален леб со намаз од немасно сирење и 50 грама јаготки.

Ужина – Витамински микс од 1 портокал, 1 јаболко и 100 грама јагоди.

Ручек – Риба на скара. Рибата може да ја сервирате со 50 грама јаготки и малку сенф.

jagodi 9

Ужина – Коктел од јагоди. Во блендер ставете 150 грама јаготки, лажичка мед, сок од лимон со 1 дл вода.

 jagodi 1

Вечера – Салата. Додека печете еден компир во рерна, во блендер ставете свеж морков, пиперка и сок од лимон. Ќе добиете паста. Посебно измешајте неколку поголеми јагоди со 50 грама немасно сирење и 1 дл јогурт. Повторно ќе добиете паста, но поретка. Врз печениот компир прво ставете од првата паста, а врз неа и од втората. Превкусно е.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...