4 факти зошто авокадото е корисно за слабеење

Авокадото го регулира апетитот, помага за намалување на сантиметрите околу струкот, го подобрува квалитетот на исхраната, ја намалува желбата за слатки…

Авокадото е познат извор на добри масти. Иако е прилично калорично, содржи 322 калории во 100 грама, не штети во процесот на слабеење, туку напротив придонесува за витка става. Еве и зошто.

  1. Го регулира нивото на холестерол

Неодамнешното истражување покажа дека секојдневно внесување на авокадо во исхраната последователно пет недели помага во зачително намалување на холестеролот.

  1. Ги намалува сантиметрите околу струкот

Мононезаситените и олеински масти кои ги содржи авокадото помагаат во уништувањето на абдоминалните масти. Со тоа авокадото го спречува таложењето на масни наслаги околу струкот и на стомакот.

  1. Го регулира апетитот

Една лажица авокадо може да помогне во намалување на желбата за грицки. Истражувањето покажува дека оние кои секојдневно јадат умерена количина на авокадо чувствуваат дури 40 отсто помала желба за грицки особено во попладневните и вечерните часови.

  1. Ја намалува желбата за слатки

Авокадото на телото му дава дури 20 витамини и минерали кои се важни за контрола на телесната тежина. Меѓу другите витамини содржи и витамин К кој помага во разградувањето на шеќерот.

x

Check Also

7 лаги и вистини за лекување на грип и настинки

Со настинките и грипот се бориме од година в година, а лекувањето ...