4 флорални модни изгледи од &Other Stories

Како што влегуваме во зимските месеци, веројатно помислувате да ги здиплите алиштата со цветен принт и да ги одложите за потоплите денови. Но, не брзајте! &Other Stories нуди колоритни парчиња со цветен принт за студените денови.

Новиот моден водич на модната марка &Other Stories насловен „Bloom Bloom“ ја претставува зимската колекција во која доминира цветниот принт.

Колекцијата содржи макси цветни кошула-фустани, флорални сукњи, плишани блузи и фустани, џемпери во силни бои како жолтата и портокаловата, слим-фит фармерки и чевли во весели нијанси. Не заборавајте на обетките кои треба да се впечатливи и „висечки“ оваа зима.

x

Check Also

Анастасија Ј. Гапиќ: Трендовска плус-сајз колекција за есен-зима за жени со самодоверба

За трендот оваа сезона есен-зима за дамите со облини, како и потребата ...