4 хороскопски знаци со најголеми промени во септември 2018

Младата Месечина позната како нова месечина, на некои хороскопски знаци ќе влијае многу повеќе отколку на другите и ќе им донесе промени во септември.

По полната месечина која се случи на 26-ти август, може да ја очекуваме новата месечина во следните недели, поточно на 9ти септември 2018. Новата месечина ќе донесе конкретна енергија која добро ќе ја забележат некои од хороскопските знаци.

Оваа Млада месечина  ќе се случи во знакот на Девица. А младата месечина секогаш значи промени, односно нови почетоци, ставање крај на старото и подготовка за старт на нешто ново. Генерално носи позитивни вибрации кои ќе не охрабрат за нови почетоци, но секако, на секој хороскопски знак му носи различни можности.

Еве на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе влијае и како ќе влијае.

БЛИЗНАЦИ

Од 9-ти септември за Близнаците почнува месец во кои ќе мора некои важни работи да ги изнесат надвор од себе. На родените во овој знак, младата месечина ќе влијае на психолошки план, односно Близнаците ќе почнат да ги менуваат своите животни филозофии и навики, прифаќајќи нови идеи. За промените да бидат успешни, астролозите советуваат да бидат отворени кон Универзумот и да работат во овој период на пронаоѓањето на себе, на тоа што го сакаат и тоа што ги прави среќни. Не плашете се да бидете чувствителни за време на новата месечина!

ДЕВИЦА

Новата месечина е во знакот на Девица овој септември, а тоа значи дека Девиците дефинитивно ќе го почувствуваат нејзиниот ефект. Во тој период ќе почувствуваат дека тежината на светот е на нивни раменици, но, Девиците ќе бидат благословени со ментален капацитет да преземат нов предизвик и да го употребат за своја цел – на останатите ќе им покажат колку се ментално, емотивно и духовно силни!

СТРЕЛЕЦ

Ова е многу важен период за работа за Стрелците. Но, подеднакво важен период за да се фокусираат на себеси. Младата месечина ќе им донесе на Стрелците предизвици на работното место, промени кои треба да ги прифатат, но истовремено и ќе ги стави на искушение дали се подготвени добро да балансираат меѓу професионалниот и приватниот живот. Совет од астролозите е да не се плашат од работните предизвици и да ги прифатат промените!

РИБИ

Оваа нова месечина на Рибите ќе им донесе големи, но и нови релации, кои можат да се појават на емотивен или на професионален план. Дефинитивно, од 9-ти септември па до крајот на месецот е период за Рибите во кој ќе им се понуди јасен увид во нивните интимни врски  – овозможувајќи им да ги согледаат луѓето во кои вреди да ја инвестираат својата енергија, а во кои не вреди.  Ова може да предизвика раскинување на стара врска (и емотивна и деловна) или да доведе до партнерство кое има нови, длабоки димензии. Се што треба да направат Рибите во периодот е да и веруваат на сопствената интуиција која е поддржана од Месечината.

x

Check Also

Неделен хороскоп (19ти до 25ти август): Топ знаци на неделата – Девица, Бик и Јарец

Во престојната седмица Венера ќе го напушти знакот Лав и ќе влезе ...