Уште малку повеќе од еден месец и пролетта ќе пристигне, а до тогаш „шетаме“ низ продавниците, ги меркаме новите парчиња и ги разгледуваме каталозите на популарните модни марки кои ветуваат весела пролетна модна игра.
4 пролетни кошули од „хај-стрит“ модната марка &Other Stories кои се во пролетната понуда, веќе ги бендисавме. И 4-те кошули се лелеави, шарени, во впечатливи бои и одлични за комбинирање и со панталони и со сукњи. Дури три од нив се на преклоп што ги прави прикладни за секаква форма на телото, а истовремено и многу женствени.
Погледнете го нашиот избор од пролетната колекција на &Other Stories.