манго

4 модели на чевли кои мора да ги имаме оваа пролет (и ниеден друг модел не ни е потребен!)

Подготвени сте за новата пролет? Ние, едвај ја чекаме. Само уште да си ги набавиме 4-те неизбежни модели на чевли од новите колекции на популарните „хај стрит“ брендови и пролетта може да почне!

За сезоната пролет/лето 2017 ќе може да „преживеете“ без секаков друг модел на чевли освен без чифт модерни балетанки, добри патики, фенси мокасини и кожени папучки.

Балетанки

Убави и суперпрактични, лесни за носење и комбинирање, балетанките и годинава остануваат на модната сцена, но оваа пролет тие носат доза на елеганција.

Кај луксузните брендови најубавите ќе ги најдете во пролетната колекција на Миу Миу, украсени се со панделки, а инспирирани од вистинските балерини и балетот.

Многу елегантен модел на балетанки и уште подобро – со многу мала потпетица ќе најдете во пролетната колекција на Зара.

миу миу

 

зара

Мокасини

Модел на мокасини секако со потпетица е нешто што е неопходно за на работното место. Иако совршено се надополнуваат со деловните и формални модни комбинации, споени со омилените пролетни класици на лежерниот стил, овој пар чевли ќе се трансформира во моден додаток кој на целиот изглед ќе ви додаде париски шик.

 

 

гучи

манго

Патики

Оваа пролет и лето ќе се носат со се што ќе ви падне на памет. Особено ќе ги носиме како спротивност на женствените цветни фустани. Популарни се класиците и ретро моделите, познати уште од 80-те и 90-те години. А годинава најубавите ги најдовме во Адидас.

адидас

Папучки

Можат да бидат со крзненце или без него. Како оние од ланската колекција на Гучи. Годинава се присутни и кај луксузните модни марки и во колекциите на популарните „хај стрит“ брендови. Ако сте подготвени да платите (многу) повеќе, инвестирајте во белите кожени папучки од Прада.  Прекрасен модел по многу пристојна цена пак, ќе најдете во Манго.

прада

манго

 

 

x

Check Also

Овој петок концерт на Лозано во Скопје Сити Мол!

Skopje City Mall со задоволство го најави нивниот следен концерт, а тоа ...