Како да ја пречекате пролетта во целосно трендовско издание. Ви претставуваме 4 модни трендови кои лесно може да ги примените во вашиот аутфит:
1. Костими – пантолони со висок струк и сакоа во асиметрични форми се вистински погодок.

2. Модни парчиња во точки – мали или големи, точкестите принтови се апсолутниот тренд за оваа пролет.
3. Обоена еко кожа – светли и необични нијанси на материјалите од еко кожа се шик избор за секоја девојка или жена која сака да биде впечатлива.
4. Бралети – храбар избор на граник за да биде дел од вашиот изглед, а совршено се вклопува со сакоа, панталони и здолништа.
