4 начини како топлото чоколадо да го претворите во напивка за слабеење

Сите го сакаме топлото чоколадо особено за време на студените денови. Но, вниматени сме со него, броејќи ги калориите. Сепак, постојат начини како оваа убава напивка да ја претвориме во алатка за слабеење.

Чили прав

Само со додавање на прстофат од овој зачин во топлото чоколадо ќе му го подобрите вкусот а при тоа и ќе ја зголемите телесната температура, ќе ј поттикнете работата на метаболизмот и така ќе овозможите побрзо согорување на калориите.

Цимет

Истражувањата покажаа дека една осминка од мало лажиче мелен цимет во филџан топло чоколадо помага во рамнотежата на шеќерот во крвта. Дополнително на напивката и дава сладок вкус и уште поубава миризба. 

Нане

Нане и чоколада се совршен пар. Сварете густ чај од нане (100 мл вода со две ќесички чај), па дел од таа течност додадете го во топлото чоколадо.

Кокосово масло

Ова чудотворно масло заситува и му дава на телото енергија. Една лажица кокосово масло ставете во топлото чоколадо и ќе добиете здрава, вкусна напивка која не само што ќе ги регулира мастите туку и ќе ги намали шансите за добивање на болести на срцето.

x

Check Also

Со најпопуларната диета стопете го вишокот килограми до Нова година!

Празничната сезона е пред нас, пред да се снабдите со некој килограм ...