Летните денови украсете ги со раскошни миризби од 4-те нови парфеми кои се одвојуваат со својата посебност на козметичкиот пазар.
Ако сакате слатки ноти – Givenchy – Éclats Précieux. Овој сензуален парфем ќе ве направи „зависни“ од него. Содржи ноти на мандарина, пачули, сандаловина и темјанушка.
Ако сакате цветни ноти – Elie Saab – Le Parfum Resort Collection. Новиот парфем од Ели Сааб го слави гламурот на црвениот тепих. Содржи ноти на мандарина, калинка и интензивно пачули, потоа ноти на бел арапски јасмин и цвет од портокал.
Ако сакате контрастни ноти – Armani – Code Cashmere. Овој парфем носи богата палета на контрасти. Содржи ноти на цвет од портокал, јасмин но и интензивни ноти на ирис.
Ако сакате силни ноти – YSL – Black Opium Floral Shock. Парфем кој шокира со својата цветна експлозија. Содржи ноти на цитрус, бергамот, портокал и специфична нота на слатка крушка.