4 правила како од обична до отмена спална соба

Местото каде можеме да се одмориме, местото каде што можеме комплетно да се опуштиме и релаксираме е најглавното место во вашиот простор. Вашата спална соба треба да го има најубавото уредување во домот бидејќи од големо значење е оваа соба да изгледа убаво, за да може и вие да се чувстувате пријатно додека сте во неа. Ви претставуваме 4 правила кои треба да ги применувате ако сакате вашата “обична“ спална соба да изгледа луксузно и отмено.

Употребете бои кои смируваат
Во просторијата во која, како што би се рекло “се полнат батериите“, препорачуваме да се користат релаксирачки тонови и тоа од боите кои доаѓаат од природата како што се кафената, светло сината и зелената боја. Додадете елементи во овие бои и веднаш ќе ја забележите разликата во вашето расположение бидејќи на вас ќе влијае оваа плалета на бои која има смирувачки ефекти.

Користете фини материјали
Креветот треба да биде привлечно место кое ќе биде во центарот на вниманието. Одберете постелнина од фини материјали кои вам ви се допаѓаат, поставете убаво декорирани прекривки и перници во горниот дел и претворете го обичниот кревет во отмено катче.

Светлината како главна декорација
Осветлувањето во просторијата е една од главните елементи кои ја прават собата луксузна и уредена со стил. Колку повеќе извори на светлина поставувате, толку повеќе собата се претвора од стерилна во привлечна. Вистинскиот избор на користење на светлината како главна декорација и нејзниниот интензитет, ќе придонесат за потполно поинакво доживување на просторот.

Мириси за будење на сетилата
Во повеќето предлози кои одговараат на темата кој е најдобриот мирис кој треба да се користи како свежувач во спалните соби, ќе се пронајде мирисот на лавандата која има релаксирачки ефекти. Вие може да го изберете мирисот кој вам најмнгу ви одговара, а тоа може да бидат свежи мириси, цветни или благи.

x

Check Also

Отворање на групната изложба „4 пати слобода“

„4 пати слобода“ е заеднички проект на 4 ликовни уметнички, кои потекнуваат ...