5-дневна диета со лубеница

Лубениците се одлични за слабеење бидејќи содржат 90% вода. Освен што ќе внесете доволно течности во организмот, лубениците содржат витамини и минерали и ништо не би ви недостасувало од неопходните состојки доколку конзумирате лубеници како дел од нискокалоричната диета.

„Месото“ на лубеницата не содржи холестерол и скоро и да нема маснотии. Содржи многу калиум и витамин A, C, B6, а со одглед на тоа дека содржи и над 90% вода ги задоволува вашите дневни потреби за течности.

Лубеницата содржи ликопен за кого истражувањата потврдиле дека е најмоќен антиоксиданс. Лубениците се природен диуретик и затоа многу се користат како помошници при слабеењето. Слаткиот вкус со малку калории е добра алтернатива за висококалоричните десерти. Можете да ја комбинирате и со други овошја со цел да направите вкусни диетални десерти.

Доручекот е ист секое утро: Една кришка лубеница, 50 грама тост- леб, филџан чај.

Секој ден пијте по 12 чаши вода, чај или свежо цеден овошен сок.

1ден: Ручек: 100гр варено говедско месо, 100 гр. варен ориз со сос од домати, 1 кришка лубеница. Вчера: 50гр. бело (несолено) сирење, 1 парче леб на тост, лубеница по желба.

2 ден: Ручек: леб на тост, 60 гр варено пилешко или месо од мисирка, 1 парче лубеница. Вечера: 100гр варена риба, 1 парче леб на тост, 1 парче лубеница.

3 ден: Ручек: 30 гр. шпагети со сирење и домати, лубеница по желба. Вечера: мешана салата од домати, краставици, пиперки, лук и зелена салата, 1 парче лубеница.

4 ден: Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 1 кришка леб на тост, 50 гр варено пилешко месо, 1 парче лубеница. Вечера: 2 варени компири со пармезан, лубеница по желба.

5 ден: Ручек: 50гр варено говедско месо со шампињони, лубеница по желба. Вечера: 50гр свежо (несолено) сирење, 2 парчиња леб на тост, лубеница по желба.

x

Check Also

Диета со зелка – совршена за топење на мастите во студените денови

Како да се ослободите од вишокот килограми во текот на есента и ...