5 есенски фустанчиња од H&M вредни за внимание

Вљубениците во фустанчињата секако ќе продолжат да ги носат и во текот на постудените денови одбирајќи модели со долги ракави. Модниот гигант H&M ја надополни есенската колекција со линија на есенски фустани, меѓу кои ги одвојуваме нашите 5 фаворити.

Син фустан во кимоно стил

За претстојната сезона акцентот е ставен на потемните бои, додека од мотивите остануваат да доминираат цветовите. Кимоно-стилот е насекаде, фустанчињата се на преклоп или на врзување со што успешно ја нагласуваат женственоста и струкот.

Лесни се за носење и уште полесни за комбинирање, есенските фустанчиња во дневни комбинации одлично се надополнуваат со мантил и популарните чизми-чорапи, додека за посвечени пригоди ги носиме со впечатливи чевли на висока потпетица.

На врвот на нашата есенска листа на желби е фустанот од H&M во силна сина боја со дискретни цветни апликации.

А кој е вашиот фаворит?

Црн со полка точки

Со нагласен шлиц и црвени цветни апликации

Со интересни ракави и миди должина

Плисиран, во кимоно стил

x

Check Also

К-Поп сензацијата Blackpink го „освои“ TikTok

Што се добива кога ќе се спои TikTok – моментално најбрзо растечката социјална ...