5 факти како малините помагаат во слабеењето

Малината спаѓа меѓу најздравите намирници. Познато е дека малината е одличен извор на антиоксиданси, дека е богата со витамини и растителни влакна, но можеби помалку е познато дека овој исклучителен плод е совршен за одржување на телесната тежина, лесно ги претвора мастите во енергија (со тоа е и неизбежен додаток во диетниот режим на оние кои вежбаат), а кај неактивните – најдобар сојузник е во секоја диета.

Еве ги петте важни факти за малината и нејзината улога во фитнесот и диетите кои можеби не ги знаете.

  1. Заслужна е за активирање на хормонот за слабеење

Неколку релевантни истражувања до сега покажале дека малината влијае на хормонот адипонектин, или таканаречен хормон за слабеење, кој е заслужен за регулирање на нивото на гликозата и за разложувањето на масните наслаги. Луѓето кои природно имаат повисоко ниво на овој хормон, најчесто воопшто не се дебелеат, природно се витки  и многу полесно ја одржуваат телесната тежина. За да го активираме адипонектинот, хормонот на слабеењето, треба да конзумираме континуирано, одреден временски период, по најмалку 200 грама малини дневно.

2. Одлична е за брза перисталтика на цревата

Знаевте ли дека малината спаѓа во овошјата кои се на врвот на листата за регулирање и забрзување на перисталтиката на цревата?

Малината е на врвот на листата на најбогати овошки со растителни влакна. Дури 8 отсто од нејзината тежина е сочинета од растителни влакна.

3. Против целулит

Со тоа што е исклучително богата со антиоксиданси, таа е и проверен борец против целулитот, но и во борбата за неговото разложување и постепено губење од критичните места на телото. Содржи антиоксиданси од неколку различни групи, вклучувајќи и танин, кој не заштитува од стрес и предвремено стареење на кожата.

4. Конзумирајте ја преку природно смути, нискокалорична е

Ако за се важи умереност, за малината не. Од неа не може да се „предозирате“, напротив. Земете ја кога сакате и колку сакате. 100 грама малини содржат само 64 килокалории, 1 грам добри масти, 0 заситени масти, 0 трансмасти, 0 холестерол, 8 грама растителни влакна, само 5 грама шеќер –  и тоа ја прави идеална диетална храна.

5. Го зголемува резултатот од физичката активност

Благодарение на составот, малината го зголемува резултатот од физичките вежби кај активните луѓе, додека кај неактивните – помага во забрзувањето на процесот на претворање на масните наслаги во енергија.  За оние кои сакаат побрзо да дојдат до совршено тело, малината треба да ја земат како секојдневен додаток во исхраната, заедно со фитнес-активност.

x

Check Also

Не фрлајте ги семките од лубеница, направете лековит чај од нив

Во топлите денови уживаме да јадеме лубеница бидејќи е освежителна, слатка и ...