5 факти кои (можеби) не ги знаете за нашите омилени „справи за мачење“ – чевлите!

Одамна чевлите се едни од најважните модни парчиња и за жените и за мажите. Но знаевте ли дека, на пример, цртеж на чевли постои во една пештера во Шпанија за која се смета дека е стара 15.000 години. На цртежот се гледа дека тие „први чевли“ биле направени од кожа. Еве уште некои занимливости за нашите омилени „справи за мачење“.

cevli 2

На Блискиот Исток на чевлите им се додавала многу висока рамна потпетица за да се заштити ногата од жешкиот песок.

Во средниот век, таткото ја предавал власта над неговата ќерка на нејзиниот сопруг преку една церемонијата во која чевлите имале многу важна улога. Имено, на свадбата младоженецот и подарувал чевла на невестата која таа требала да ја облече со симболично значење дека отсега е негов предмет.

Со векови, чевли со високи потпетици носеле мажите, и тие биле симбол на богатство и моќ.

cevli 3

Се смета дека високите потпетици жените почнале да ги носат благодарение на Катерина Медичи во 16-от век. Италијанската благородничка била исклучително ниска, па кога пристигнала во Франција да се омажи со идниот крал Хенри за да остави поголем впечаток носела високи потпетици.

cevli 4

Далеку пред да се појави Кристијан Лубутен, во Европа во 17-от век потпетиците на чевлите секогаш биле обоени во црвена боја.

x

Check Also

Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно го прославија 4-ти јули

Двете sвезди заедно ја поминаа годишнината славејќи ја независноста на Америка. Прво ...