5+ Фамилија со специјална новогодишна програма за деца

Омилената детска ТВ серија и едукативна платформа 5+, заедно со 5+ Бенд, ќе биде дел од специјалната новогодишна програма за деца на МРТВ.

Новогодишната епизода „Мистериозното доцнење на Дедо Мраз“ на 5+ Фамилија ќе се емитува на 31.12.2020 во 20:15 часот на МРТ1 на македонски јазик, како и 5+ Nikoqirët во 20:00 часот МРТВ2 на албански јазик.

„Изминатите години, најголема предновогодишна забава за деца беа инклузивните концерти на 5+ Бенд, „Сонуваме. Менуваме“. Концертите „Сонуваме. Менуваме“ ги исполнуваа сите седишта од концертните сали на МНТ и МОБ во десетици термини во декември и преку музика, игра и смеа нè потсетуваа дека разликите не треба да нè разделуваат, туку напротив може да нè зближуваат. Сега кога не е возможно заедно да се собереме и да прославуваме, останува да се потсетиме на убавите пораки за пријателство, љубезност и позитивни примери на инклузија преку една специјална новогодишна епизода и една прекрасна нова празнична песна на 5+ Бенд – Снегулки и Ѕвончиња.“ – велат од ОХО Продукција.

Среќни и весели празници на сите дечиња!

 

 

 

x

Check Also

Започнува кампањата Back to School, се гледаме во Ramstore Mall 

Се приближуваме до почетокот на учебната година. Период исполнет со дополнителни обврски ...