5 гастро-трикчиња за совршени мафини

Лесно се подготвуваат, превкусни се, не ни одзимаат многу време во кујната, па кој не сака мафини?
Доволно се само неколку состојки, калапчиња за печење, малку време и превкусните колачиња се готови. Но, како да ги направите совршени?

Мешање на тестото

Добрите мафини треба да бидат лесни и затоа немојте премногу да го мешате тестото. Кога ќе ги помешате сувите и влажни состојки доволно е да мешате додека сувите состојки повеќе не се гледаат и смесата стане компактна.

Корпички за печење

Пред да ја претурите смесата за мафини во кошничките за печење задолжитено премачкајте ги убаво кошничките со путер или маргарин.

Колку смеса во една корпичка?

Ако сакате богати и големи мафини немојте да ја преполнувате корпичката до врв. Секое калапче наполнете го ¾.

Рерна

Ако мафините прерано ги извадите од рерната ќе бидат лепливи, а само неколку минутки подолго печење ќе ги претвори во суви колачиња. Прво, рерната треба да биде претходно загреана на 180 степени, потоа ставете ги мафините и печете ги онолку колку што пишува во рецептот. Ако не сте сигурни дали се готови, набрзина отворете ја рерната и со чепкалка боцнете во средниот дел на мафинот – ако чепкалката излезе чиста, мафините се печени.

Ладење на мафините

По печењето мафините извадете ги од калапчињата и веднаш послужете ги. Може да ги оставите само неколку минути да се изладат, но не предолго зашто тетсото ќе се исуши.

x

Check Also

Домашен „зелен“ сладолед во кој може да уживате колку сакате!

Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ...