5 идеи со што да го освежите вашиот дом

Како што ги освежуваме гардероберите со нови пролетни комбинации, можете да го освежите и вашиот дом. За истиот да изгледа убаво и модерно оваа сезона, Макмода ви предложува пет идеи кои можете да ги примените за супер изглед:

Ѕидови – бојадисајте ги ѕидовите. Иако овој чекор е покомплицирано да се реализира, се препорачува бојадисувањето да се прави на секои три години. Ако сакате да почнете со промена на просторот, започнете со овој чекор.

Тапети – сменете ги постоечките тапети или додадете ако ги немате, тоа ќе даде сосема поинаков подобар изглед на секоја просторија.

Лустери и светла – заменете ги лустерите и светлата со модерни и тренди изгледи на дизајните, одберете стил и уредете ги овие детали.

Теписони – овој детал има голем удел во собите, такашто супер освежување би биле новите теписони кои ќе допринесат за поубава трансформација.

Санитарија и детали во тоалетите – одберете минималистички детали и бои, тие се дел од тоалетот кој му дава убав и префинет изглед.

x

Check Also

Неделен хороскоп (30.март до 5.април): Топ знаци на неделата – Близнаци, Вага и Водолија

Оваа недела планетата Марс ќе го напушти знакот на Јарец за да ...