5 идеи со што да го освежите вашиот дом

Како што ги освежуваме гардероберите со нови пролетни комбинации, можете да го освежите и вашиот дом. За истиот да изгледа убаво и модерно оваа сезона, Макмода ви предложува пет идеи кои можете да ги примените за супер изглед:

Ѕидови – бојадисајте ги ѕидовите. Иако овој чекор епокомплицирано да се реализира, се препорачува бојадисувањето да се прави на секои три години. Ако сакате да почнете со промена на просторот, започнете со овој чекор.

Тапети – сменете ги постоечките тапети или додадете ако ги немате, тоа ќе даде сосема поинаков подобар изглед на секоја просторија.

Лустери, ламби и светла – заменете ги лустерите и светлата со модерни и тренди изгледи на дизајните, одберете стил и уредете ги овие детали.

Теписони – овој детал има голем удел во собите, такашто супер освежување би биле новите теписони кои ќе допринесат за поубава трансформација.

Санитарија и детали во тоалетите – одберете минималистички детали и бои, тие се дел од тоалетот кој му дава убав и префинет изглед.

x

Check Also

Не мораме да се видиме за да испиеме кафе заедно

Од сите начини на кои пандемијата влијае на светот, социјалниот елемент е ...