5 кратки совети од Ивица Јанев за поефективно вежбање

Кога за првпат почнувате со вежбање, мора да знаете дека точната форма и изведба на вежбите е најважна за да може да ги видите резултатите. Повеќето мислат дека доколку повеќе даваат напори при вежбањето нивните мускули ќе растат и ќе ги добијат посакуваните резултати побрзо. Сепак тренерот Ивица Јанев вели дека тоа е ПОГРЕШНО.

Според тренерот, тој вели дека сите кои вежбаат треба да ја сфатат важноста на позиционирање на телото, дишењето, контрола на вежбите, брзината при извршување на вежбите и умствените мускулните врски.

– Обидете се да направите неколку загревачки сетови (со високи повторувања од 15-20 пати) со средна тежина

– Затворете ги очите и концентрирајте се на вашите целни мускули. Концентрирајте се на “стегање” на тежината и пауза за момент во точка на максимална контракција. Ако сте загрижени за трошењето на енергијата пред вашиот тренинг, пробајте кога имате слободен ден.

Ивица Јанев ви дава 5 кратки совети кои што можете уште денеска да почнете да ги имплементирате во вашите тренинг рутини:

1. Контрола, контрола – треба да ги контролирате вашите повторувања и да ги држите доследни во текот на целиот тренинг, така што следете го поставениот план

2. Намалете ја брзината и навистина фокусирајте се на мускулот на кој работите. Ова помага при активирањето на повеќе мускулни влакна

3. Стегајте го мускулот. Тие неколку секунди стегање навистина прават огромна разлика. Не го прескокнувајте стегањето за полесно и побрзо да ги направите вежбите!

4. Контролирајте го дишењето. Дишењето го одржува притисокот секогаш кога ви е потребно

5. Не заборавајте секогаш да ја контролирате вашата форма и навистина да го почувствувате тој burning ефект, и не замафтувајте само со теговите без контрола и притисок кај мускулниот таргет, оставете вашите мускули да ја завршат работата.

Ивица со овие кратки совети вели дека ќе ви бидат од помош и треба да ги применувате во секое ваше вежбање.

x

Check Also

2.000 тркачи на бул. Илинден како дел од Skopje Run 10K

Ивановски и Поп Арсова срушија 2 државни рекорди на Skopje Run 10K ...