Парфемот ни го открива карактерот, секако доколку сами го одбереме меѓу низата миризливи шишенца наредени на полиците во парфимериите. Да ви ја олесниме работата во потрагата на нов парфем, дегустирајте ги овие топ 5 од нашата листа зашто секој од нив е специфичен на свој начин. И секако, многу впечатлив.
Polo Red Intense Ralph Lauren
Лансиран во 2015 година, новиот парфем од Ралф Лорен е инспириран од адреналинот кој го носат брзите автомобили. Има мирисна нота на печено кафе, додека втората нота е грејпфрутот.
Sauvage Dior
Исклучително мажествен парфем кој асоцира на слобода. Се отвора со нота на бергамот, а понатаму се чувствува мирис на пачули.
La Nuit de l’Homme – Yves Saint Laurent
Доколку сакате посвеж парфем, ова е вистинскиот избор. Носи миризба на свеж бергамот и лаванда.
Bleu de Chanel
Новиот парфем од Шанел, лансиран оваа пролет, носи силен машки карактер. Длабок и интензивен, никого не остава рамнодушен.
CK2 – Calvin Klein
Новиот парфем од Келвин Клајн е унисекс, многу свеж и пријатен особено за топлите денови.