5 модели на костими за капење во кои изгледаме послаби

Костимите за капење знаат да ни додадат или одземат килограми, барем што се однесува на визуелниот впечаток. А некогаш токму тие 4-5 килограми ни претставуваат најголема мака за да се чувствуваме убави кога ќе отидеме на плажа. Па девојки, наместо да се изгладнувате пред почетокот на летото, продолжете само да вежбате и одберете си вистински костим за капење. Мислиме, на модел со кој ќе ги сокриете недостатоците, а ќе ја нагласите женственоста.

Модел – Sheer бикини, односно бикини со висок струк. Доколку сепак не сакате баш толку да сте покриени, одберете модел со висок струк од проѕирна ткаенина или од поширока плетка.

bik 1

Модел – еднонедел шарен костим за капење. Благодарение на контрастите, вашите облини ќе бидат дефинирани и ќе „паднат“ во втор план.

bik 2

Модел – Едноделен костим со длабоко Ве- деколте. Да, ова е вистнскиот избор доколку имате широки колкови, а помали гради.

bik 3

Модел – Различен горен и долен дел. Горниот дел треба да биде шарен, а долниот дел во темна боја. Проверена „оптичка илузија“ за минус 5 килограми. Уште подобро ако прерамките на горниот дел се подебели, нагласени.

bik 4

Модел – Струкиран едноделен костим. Мини ременче околу струкот е многу модерно оваа сезона, но и супер начин да ги сокриете вишокот килограми.

bik 5

x

Check Also

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со поддршка на Халкбанк доби сензорна градина наменета за ученици со попреченост  

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во ...