5 модни совети за стил кој зрачи со самодоверба

Ако во последно време ви се чини дека  што ќе облечете, ви стои ужасно, ве разбираме. Полна месечина, хормоните беснеат, станати сте на погрешна нога, малку сте се здебелиле, не ви се баш некои денови.

stil 123

Сепак, тоа секако не е причина да дозволите  “ништо не ми  стои” да ви стане навика, бидејќи без оглед на фигурата, тежината, тековното расположение, можете да зрачите со самодоверба и така да го  разбудите сексапилот во вас.

Еве само 5 совети кога  да бидете 100% сигурни во она што имате намера да го носите.

Научeте како да ги препознаете моделите кои ќе одговараат на вашето тело

За да се чувствувате исклучително опуштено и самоуверено во облеката која сте ја одбрале, треба да знаете кои делови од телото треба да ги  нагласите и кои треба да ги „покриете”. Можеби вашите нозе се најдобриот дел од телото или тоа се градите. Ако не сте сигурни, прашајте ги вашите најблиски пријателки. Потоа, изберете облека во која вашите привлечни делови од телото ќе станат повеќе истакнати.

Никогаш не заминувајте од дома ако не сте задоволни со комбинацијата која сте ја облекле.

Сите  сакаме да експериментираме со различни стилови, но ако не ви се допаѓа тоа што сте го облекле кога сте заминале од дома,  постои голема веројатност дека нема да се чувствувате самоуверено и опуштено во облеката.

stil 890

Пронајдете ја идеалната боја за вашиот тен

Истражете ја вашата гардероба неколку пати ако е потребно и  пробате неколку шарени комбинации се додека не ги најдете нијансите и боите кои ви стојат најдобро. И, носете интензивни бои. Избегнувајте ги неутралните “мртви” бои.

Дефинирање на вашиот стил

Најлесниот начин секогаш да бидете сигурни при изборот на облека е да го идентификувате  вашиот стил. Тоа не значи да  најдете детали кои секоја облека ќе ја прават различна, свежа, туку да  најдете стил кој ќе  ви се допаѓа најмногу и кој најмногу ќе ви одговара. Погледнете  што сакате да  облечете и каков изглед најмногу ви „лежи“ – секојдневен, елегантен, шик, момчешки, бохо, минимален? Кога ќе бидете дефинирани, лесно ќе играте со деталите кои ќе ве направат автентични.

Одвојте 5 минути подолго за облекување наутро

Обидете се да се разбудите неколку минути порано од вообичаеното, дајте си себеси  доволно време за да  испланирате поразличен изглед од планираниот и експериментирајте со косата, шминката, модните додатоци. А  има ли  подобар начин да го започнете денот од суперстилизиран изглед кој сте го надополниле со вашата самодоверба? Нема.  Потоа и утринското кафе ќе ви стане послатко.

 

x

Check Also

Објавена новата сликовница од Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, во издание на „Арс Ламина“

Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, ...