5 намирници кои ја чуваат витката линија

Ако сакате побрзо да загубите килограми, или пак после диетата да не ги вратите килограмите, вклучете ги овие 5 намирници во секојдневната исхрана.

омлет од белки

омлет од белки

Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини, но жолчките содржат масти. Затоа ако сакате да загубите килограми, јадете белки од јајца. Дури и кајганата може да ја направите со едно цело јајце и плус две белки од јајце. Белките од јајце може да се подготват и како посебно јадење, или како додаток на јадењето. Во секој случај белките ќе ви дадат чувство на ситост.

започнете го денот со напивка од спирулина

започнете го денот со напивка од спирулина

Спирулина

Ако сакате да загубите на тежина, вклучете ја спирулината во секојдневниот диетен режим. Содржи аминокиселини и витамини А, Б, Ц, Д и Е. Може да се купи во прав и содржи 4 грама протеини во една лажица. Освен што е богата со протеини, спирулината го забрзува метаболизмот и го детоксицира телото.

Пилешки гради

Пилешките гради може да се подготват на безброј начини

Пилешките гради може да се подготват на безброј начини

Одличен извор се на протеини, особено за оние кои сакаат да ослабнат. Во 100 грама содржат 23 грама протеини и само 1 грам масти.

Бела риба

одберете бела наместо црвена риба

одберете бела наместо црвена риба

Има малку калории и богата е со протеини. Одличен извор е на Омега-3 масни киселини, железо, цинк и калцијум. Вкусна е и печена и варена и пржена. Кога зборуваме за бела риба, мислиме на – ослич, бранцин, орада, бакалар и бела пастрмка.

Немасен јогурт

употребувајте немасен јогурт за појадок или меѓуоброк

употребувајте немасен јогурт за појадок или меѓуоброк

Јогуртот е докажан здрав извор на антиоксиданси кои се важен дел од слабеењето. Богат е со калциум и магнезиум, но и калијум кој ја елеминира надуеноста. Јогуртот содржи и витамин Б12 кој драстично го забрзува метаболизмот.

x

Check Also

Дали ја заштитивте нежната детска кожа од првото сонце!

Мартовските сончеви зраци бараат и неопходна заштита! Повеќето од нас изминативе месеци ...